ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати инцијативата за референдум за спорот со Бугарија, која изминатите денови беше најавувана од претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски.
Како што изјави вечерва генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, иницијативата е прифатена едногласно и во целост, а партијата сега почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување.
Измени на Уставот, референдум или избори, што е прво на политичкото мени?
„На површина излегоа сите лаги на Владата. Ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а преговорите започнаа само за Албанија“, истакна Сајкоски.
Притоа додаде дека остануваат против уставните промени со кои треба да се внесат Бугарите во македонскиот Устав.
За власта ова е историски ден, за ВМРО-ДПМНЕ почеток на бугарски уцени
Тие се неопходни за земјава да премине на втората фаза од постапката за почеток на преговорите со ЕУ, а за нивно донесување е неопходно двотретинско мнозинство, односно гласовите на пратениците од ВМРО ДМПНЕ.