ССМ: продолжува генералниот штрајк
Доколку Владата смета дека го започнала процесот за пристапни преговори со ЕУ, и укажуваме дека нејзините вработени и пред почетокот на процесот и по почетокот на процесот се еднакво сиромашни, примаат најниски плати во ЕУ и дека Владата не може да очекува дека вработените во управата кои треба да го сработат процесот, се мотивирани со просечна плата од 21.300 денари, а на 96 проценти од нив, платата да им е под просечната плата со која Владата толку се фали. Ова се наведува во денешното соопштение од Сојуз на синдикатите на Македонија и се подвлекува дека од 22.06.2022 година повеќе од 138.000 работници се на генерален штрајк во јавниот сектор, кој до денеска 22.07.2022 година трае 30 дена и истиот прв пат и се случува на една Влада поради тоа што истата, како што се наведува во соопштението, не ги исполнува ветувањата и ги манипулира работниците во јавниот сектор.
ССМ најавува колективна тужба и нови форми на притисок за усогласување на сите плати со минималецот
Владата смета дека не треба да ги усогласи платите на работниците во јавниот сектор за 2806 денари и со тоа на солидарен принцип да им испадне во пресрет на работниците барем малку да ги амортизираат зголемените трошоци кои ги осиромашуваат и ги оневозможуваат да го преживеат месецот.