Нови 957 случаи на ковид 19, двајца починале
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи со ковид 19 и двајца починати. Оздравеле 616 пациенти.
Двете лица се починати во болнички услови. Од вкупниот број на позитивни (957), регистрирани се 210 реинфекции. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од 957 новозаболени од Скопје се 487, Битола – 70, Кавадарци – 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Свети Николе , Македонска Каменица и Дојран – по 1 случај.
Нови бранови на инфекција со нови варијанти на сојот омикрон
Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а на активни случаи изнесува 4.644