Грција нема да воведе ковид мерки во текот на летото
Тој вели дека во моментот бранот е во надолен тренд и дека очекуваат дека така ќе продолжи околу еден месец.
Плеврис објасни дека конкретниот бран има целосно различни карактеристики од претходните и поради имунизацијата на населението, но и поради мутациите кои се поразлични и не носат тешки хоспитализации, додавајќи дека конкретниот модел што го следат, без мерки, не е поради туризмот, туку е нешто што го следат и другите европски земји.
Летните одмори ги зголемија бројките на ковид 19 - докторите апелираат на внимателност
Согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција за ситуацијата со пандемијата во земјата објавен вчера, во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи на ковид-19, а за една седмица починало 271 лице.