Шпанскиот премиер Санчес во Скопје на средби со Ковачевски и Пендаровски
Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчес Перес-Кастехон денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Македонија.
Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски.
Гир - Ако не го смените Уставот, процесот запира тука
Посетата на државава е дел од турнеја на Санчес низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчес ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023 година.
Поради посетата на Санчес на Скопје, Министерството за внатрешни работи најави дека центарот на главниот град денеска ќе биде под посебен сообраќаен режим.