Сончево и многу топло време
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, информираа од УХМР.
Попладне ќе има зголемување на облачноста, а температурата на повеќе места ќе мине 35 степени. Притоа ќе дува слаб до умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија ги губи шумите во пожари - има ли систем за превенција?
Јачината на УВ индексот ќе биде 8.
Од утре во попладневните и вечерните часови има најави за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.