Загина жена во пожар во Дојран
Во пожар кој утрово избувна во куќа во Стар Дојран загина една жена, потврдија од СВР Струмица. Пожарот бил пријавен во 07:20 часот, а зафатил еден спрат од куќата заедно со покривот.
„Пожарот избувнал во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран. Бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице, соопштија од СВР Струмица.
По наредба на Јавен обвинител телото на жената е дадено на обдукција.
Македонија ги губи шумите во пожари - има ли систем за превенција?
Според информациите од Доброволното против пожарно друштво од Дојран, пожарот бил голем и се заканувал да ги зафати околните куќи и блиската борова шума.
Се шири пожарот помеѓу Гевгелија и Богданци, вечерва два пожара и во Куманово
„Колку тој беше силен зборува и податокот што дури пет пати ги полневме возилата со вода и некаде околу 11 часот успеавме да го изгаснаме“, информираше Злате Талески, командир на Доброволното против пожарно друштво од Дојран“.