Регистрирани 1233 нови случаи на коронавирус, 10 починати
Во изминатите три дена, од петокот до недела, се регистрирани 1233 нови случаи на коронавирус во земјава, од направени 3561 тестирања, а 10 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Седум лица починале во овие три дена, а тројца се дополнително пријавени од претходно.
„Живеење со ковид“: Каде може да оди пандемијата?
Најмногу нови случаи има во Скопје - 516, Битола 97, Кавадарци 72, Гостивар 55, Прилеп 54, Охрид 53, Куманово 47, Тетово 45, Велес 40, Струга 28, Струмица 27, Неготино 26, Кичево 24, Кочани 20, Штип 18, Гевгелија 17, Радовиш 15, Ресен 13, Дебар 11, Кратово 8, Свети Николе, Берово и Валандово по 7, Демир Хисар 6, Крушево 5, Делчево и Виница по 4, Богданци и Демир Капија по 2, и во Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица по еден нов случај.
Од вкупниот број на позитивни (1.233), регистрирани се 284 реинфекции.
Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена (06.08 - 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: Скопје - четири починати лица (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991.