Климатските ризици ја надминуваат енергетската криза
Шефот на Европската вселенска агенција (ЕСА) предупреди дека економската штета од топлотните бранови и сушата би можеле да ја надминат енергетската криза во Европа и повика на итна акција за справување со климатските промени. Генералниот директор Јозеф Ашбахер изјави за Ројтерс дека последователните топлотни бранови заедно со шумските пожари, намалувањето на реките и зголемувањето на температурите на земјиштето, мерени од вселената, не оставија сомнеж за последиците за земјоделството и другите индустрии од климатските промени.
Планетата Земја од денеска живее на кредит
„Денес сме многу загрижени за енергетската криза, и со право. Но, оваа криза е многу мала во споредба со влијанието на климатските промени, кои се од многу поголеми размери и навистина треба да се справиме исклучително брзо“, рече тој, додавајќи: „Тајфуните се многу помоќни отколку што беа порано во однос на брзината на ветерот и затоа прават поголеми штети. Се разбира, секогаш имате временски флуктуации... но никогаш од оваа големина. Нема сомнеж дека ова е предизвикано од климатските промени“.