Над 20 загинати во експлозија во џамија во Кабул
Една година по доаѓањето на власт, Талибанците се во Авганистан за да останат
Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но локалната филијала на Исламска држава ги засили нападите откако Талибанците се вратија на власт во август минатата година по повлекувањето на силите предводени од САД. Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид потврди дека има мртви и ранети во експлозијата, но не прецизираше колку. „Убијците на цивили и сторителите наскоро ќе бидат казнети за нивните злосторства“, напиша тој на Твитер.