Нови 491 случаи на ковид 19, починале 8 лица
Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, сите во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица. Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови.
Амбулантите полни со ковид пациенти - тестови нема, за нови мерки ќе се почека
Досега во земјата се направени вкупно 2 140 325 тестирања на ковид 19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324 120, на починати е 9 437, а бројот на активни случаи изнесува 3 483.