Почина новинарката Гордана Стошиќ
Долгогодишната новинарка и поранешна генерална директорка на Македонската радиотелевизија (МРТВ), Гордана Стошиќ, почина на 63-годишна возраст.
Стошиќ беше прво репортерка во Националната телевизија, а подоцна и водителка и уредничка на вестите.
Таа беше и уредничка во приватната телевизијата А1, а потоа повторно беше во МРТВ на позицијата генерален директор.
Беше и директорка на скопската телевизија Скај нет.
Стошиќ во својот работен век раководеше и повеќе новинарски проекти, а беше активна и во невладиниот сектор.