Брнабиќ мандатар на нова Влада во Србија
Актуелната српска премиерка Ана Брнабиќ ќе биде мандатар на новата Влада на Србија. Ова денеска го најави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој посочи дека одлуката ја донел по долги консултации.
„Пред Ана сега се поставени важни задачи “ изјави Вучиќ.
Вучиќ почнува консултации за кандидат за нов премиер на Србија
Тој додаде дека Брнабиќ нема да биде премиер четири години, туку до 2024 година.
„Имам безгранична доверба во Ана. Кога еден од пратениците рече дека Ана е демонизирана, во тој момент решив дека тоа треба да биде таа. Таа беше демонизирана. Таа е способна да прави тешки работи од кои луѓето бегаат, правејќи работи што сите други ги избегнуваат. Горд сум што имам таков соработник и затоа предлагам способна, вредна и пред се лојална личност на Србија за најважната функција во земјата“, изјави Вучиќ.
Милош Вучевиќ, вториот кандидат за премиер и градоначалник на Нови Сад, ќе биде потпретседател на Владата на Србија, а Ивица Дачиќ, кој покрај министерската функција и вицепремиер, ќе биде и координатор на Националната служба за безбедност.
Вучиќ најави променви во владиниот состав и истакна дека еден од потпретседателите ќе биде и Синиша Мали во кого имал голема доверба.