Над 100 загинати за 24 часа во Пакистан поради поплавите
Во изминативе 24 часа загинале 119 луѓе во поплавите во Пакистан, со што бројката на загинати се искачи на 1033.
Националната управа за справување со кризи соопшти дека овогодинешните монсунски поплави зафатија повеќе од 33 милиони луѓе, односно еден од седум Пакистанци, уништувајќи или тешко оштетувајќи речиси милион домови.
Пакистан бара помош за справување со поплавите
Оттаму велат дека поплавите избришале повеќе од два милиони хектари со засадени земјоделски производи, уништени 3.451 километар патишта и однесени се 149 мостови.
Годишниот монсун е од суштинско значење за наводнување на посевите и за надополнување на езерата и браните низ индискиот потконтинент, но секоја година носи и бран на уништување.