Тешко се живее во Шуто Оризари - жителите обвинуваат за дискриминација
И во 21-виот век жителите на Шуто Оризари велат дека немаат ниту основни услови за живот, како што се улици, канализација и јавен превоз. И додека градската власт молчи, на жителите веќе им е смачено и стануваат сѐ погласни во барањата за поголеми права и подобрување на условите во кои живеат.