Силен земјотрес во Тајван
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди во неделата ретко населениот југоисточен дел на Тајван, соопшти метеоролошкиот завод на островот.
За време на земјотресот, еден воз излета од шините, се урна зграда со продавница, а стотици луѓе останаа заробени на планинските патишта, пренесува Ројтерс.
Метеоролошкиот завод соопшти дека епицентарот бил во округот Таитунг и дека во саботата вечерта бил регистриран уште еден земјотрес со јачина од 6,4 степени во истото подрачје, кој не предизвикал жртви.
Американски бродови пловат низ Тајванскиот теснец, прв пат по посетата на Пелоси
Железничката управа на Тајван соопшти дека шест вагони излетале од шините на станицата Донгли во источниот дел на Тајван откако се урна дел од настрешницата на платформата, но противпожарната служба соопшти дека нема повредени.
Повеќе од 600 луѓе останаа заробени во планинските области Чика и Лиушиши поради блокирани патишта, иако нема повредени, а спасувачите работат на повторно отворање на патиштата, соопшти ресорното министерство.
Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот издаде предупредување за Тајван по земјотресот, но подоцна го укина предупредувањето.