Акција „луксуз“: Разбиена македонско-косовска група што крадела скапи возила за продажба во Албанија
Во акцијата насловена „луксуз”, албанската полиција заплени седум луксузни возила, уапси едно, а трага по уште пет лица кои се дел од организирана македонско-косовска група што крадела скапи возила во западно европските земји и ги продавала во Албанија.
„Возилата кои достигнуваат високи цени на пазарот ги изнајмувале македонски и косовски државјани од агенции во различни земји на Европската унија, главно од Германија, а потоа ги внесувале во Албанија преку граничните премини „Ќафасан” на албанско – македонската и „Морина” на границата со Косово,“ соопшти албанската полицијата.
Ако автомобилот брмчи како трактор веројатно сте ограбени
Оттаму појаснуваат дека членовите на групата за да избегнат следење, пред да влезат во Абанија го оневозможувале ГПС-от и автомобилите ги пријавувале за украдени.
Процедурата за нивна продажба продолжувала со промена на бројот на шасијата. Оваа шема се користела веќе пет години, а од полицијата сметаат дека со неа во Албанија се внесени над 200 луксузни возила.