Министерот за локална самоуправа Милевски ќе поднесе оставка
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ќе поднесе оставка до Владата. Милевски, како што изјави за МИА, се повлекува од министерската функција поради лични причини. Според него, до крајот на неделата се очекува неговата партија, Либерално-демократската партија (ЛДП) да предложи нов кандидат за министер. Тој вели дека се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците.
Горан Милевски се повлекува од министерската функција
Горан Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година. Од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа е избран на 27 јуни 2019 година.