Регистрирани 81 случаи на ковид-19, нема починати
Во изминатите 24 часа се регистрирани 81 нови случаи на коронавирус во Македонија од направени 734 тестови. Има 77 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.
Не се регистрирани починати лица.
Отпорот кон ХПВ вакцини поголем од стравот од рак на матка
Од 81 новозаболени, од Скопје се 55, Битола 6, Кавадарци 4, Куманово 3, Прилеп и Тетово по 2, и во Велес, Струмица, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Свети Николе, Виница и Кратово по еден нов случај.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.961, бројот на оздравени пациенти е 332.932, на починати е 9.534 а на активни случаи изнесува 495.