Легитимитетот на изборите во БиХ не е нарушен со наметнатите одлуки на високиот претставник
ЕУ порача дека одлуката на Шмит е само негова
ОХР истакна дека во јули оваа година, Шмит најави дека сака да им даде на локалните политичари што е можно повеќе време да го направат она што е неопходно за деблокирање на Федерацијата на Босна и Херцеговина. „Не само што не постигнаа договор, туку го заокружија целиот четиригодишен циклус во техничкиот мандат. Секое дополнително чекање со овие одлуки само ќе создаде дополнителен простор за блокади и непочитување на волјата на гласачите на изборите“, наведува ОХР.
Во изборната ноќ, високиот претставник во БиХ донесе измени во Изборниот закон и Уставот
Според она што го соопштија, одлуките наметнати од високиот претставник се однесуваат на функционирањето на институциите на Федерацијата Босна и Херцеговина, поедноставувањето на процесот на формирање влада, укинувањето на блокадите и злоупотребата на заштитните механизми во законодавните и судските органи. Тие додаваат дека одлуките на Шмит од 2 октомври не се дел од големата изборна реформа, која се уште е неопходна за Босна и Херцеговина да ги исполни меѓународните обврски и да ја отстрани дискриминацијата од изборниот процес.