Северна Кореја лансираше балистички ракети, шести пат за помалку од две недели
Јужна Кореја и САД истрелаа четири ракети како одговор на ракетите на Пјонгјанг
„Станува збор за „праведна одмазда на Корејската народна армија против заедничките воени маневри на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави кои водат до ескалација на воените тензии на Корејскиот полуостров“, соопштија севернокорејските власти. Јапонската крајбрежна стража го потврди лансирањето. „Ова шесто лансирање за помалку од две недели е „апсолутно неприфатливо“, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.