Босанската опозиција притиска за пребројување на резултатите од изборите
И Додик и Тривиќ прогласија победа во претседателската трка во Република Српска
Партијата за демократски напредок (ПДП), Српската демократска партија (СДС) и Списокот за правда и ред бараат пребројување на гласовите за претседател поради извештаите за десетици изборни нерегуларности. Опозициските партии во Република Српска, еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина, веруваат дека кандидатот што тие го поддржаа, Јелена Тривиќ (ПДП), го победи Додик. Според досегашните пребројани резултати од Централната изборна комисија, Додик има околу 30.000 гласови повеќе од Тривиќ.
Шмит: моите уредби ќе ја однесат БиХ „на вистинскиот пат“
Коалицијата на граѓански организации кои ги следеа изборите забележаа 83 сериозни изборни нерегуларности низ Босна за време на гласањето. Тие вклучуваат прекршување на процесот на гласање, прекршување на правилата кои се однесуваат на помош при гласањето и притисок врз гласачите.