Состанок меѓу владата и компанијата за набавка на гас што ја посочи Мицкоски
Мицкоски и Ковачевски се договорија - опозициските предлози за кризата одат кај Бектеши
„Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас“, истакна Бектеши во Дневникот на ТВ Сител, наведувајќи дека станува збор за компанија регистрирана во Европа. Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија. „Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците“, рече Бектеши.