Загрозени над 7.000 работни места во индустријата
Енергетскиот колапс се заканува да остави на улица од 7.000 до 9.000 работници во индустријата, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР). Големите компании, кои се на слободниот пазар на струја, учествуваат со 10 до 15 проценти во БДП.