Брзи кредити или легализирана лихва?
За долг од неколку илјади денари, поради доцнење, граѓани сега должат по неколку илјади евра во фирмите за брзи кредити и може да останат без своите домови. Народниот правобранител вели дека ваквите фирми некогаш барале долгот да се врати со камата од 50 отсто.