Најмалку 28 загинати и десетици заробени под земја при експлозија во турски рудник
При експлозија во рудник за јаглен загинаа најмалку 28 луѓе, јавуваат турските медиуми. Рудникот се наоѓал во турската северна провинција Бартин. Во моментот на експлозијата во рудникот се наоѓале 110 луѓе, од кои 49 во подлабоките делови на рудникот, каде опасноста е поголема. Спасени се 58 рудари, а се прават напори за спасување на уште 15.
„Бројот на загинати поради експлозијата во Бартин достигна 28. Се прави се што е потребно за нашите 11 пациенти, 6 во Истанбул и 5 во Бартин“, напиша турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на социјалната мрежа Твитер.
Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез рече дека тимовите се обиделе да го намалат ефектот од пожарот што избувна во галеријата по експлозијата во рудникот.
„Во делот каде се уште е активен пожарот се наоѓаат 10-11 работници. Оценуваме дека 4-5 работници се во просторот каде што се наоѓаат вдлабнатините“изјави тој.
Ердоган даде наредба да започне изградбата на гасниот центар во Турција
Првичните наоди по експлозијата укажуваат дека била предизвикана од запалив гас. Десетици рудари се заробени под земја од вчера околу 18:15 часот по локално време, со речиси 150 персонал ангажиран во операциите за пребарување и спасување. По трагедијата, синоќа се огласи и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој изрази сочуство до семејствата на жртвите и посака побрзо опоравување на повредените.