Бугарски здруженија и клубови - или промена на име или бришење
Пратенците предлагаат дистанцирање од фашизам и нацизам и кај здруженијата и кај партиите. На дневен ред во Собранието е предлог на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за здруженија, со кои се доведуваат во прашање имињата на бугарските здруженија и клубови, кои се именувани според спорни историски личности. Предлогот доби поддршка и од СДСМ. Владејачката партија, пак, поднесе предлог-измени на Законот за политички партии, за да се „зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и нациоанал-социјализмот“.