Во Норвешка уапсени 4 руски државјани поради нелегално фотографирање
Норвешката полиција соопшти денеска дека четворица руски државјани- тројца мажи и една жена биле уапсени минатата недела и ставени во притвор во Норвешка, откако биле видени како фотографираат предмети што се предмет на забрана за сликање. Полицијата не прецизираше за какви предмети станува збор.
Полицијата посочи дека нашла „фотографска опрема и релативно обемен материјал на фотографии“ кај нив кога нивниот автомобил бил запрен на 11 октомври. Според полицијата, лицата кои не се идентификувани дошле во Норвешка од Финска и тврделе дека се туристи.
Финска ги затвора границите за руските туристи
Норвешките власти соопштија дека уапсените немаат непосредна врска со два други случаи на Руси кои беа приведени на друго место во нордиската членка на НАТО, откако полицијата кај нив открила дронови.
Во последниве недели, забележани се голем број на видеа со беспилотни летала во близина на норвешките платформи за нафта и гас. Полицијата одби да даде повеќе детали „поради природата на случајот“.