Ковачевски во Абу Даби за директна комуникација со инвеститорите
Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министрите за финансии, транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство, престојува во работна посета на Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати. Владата соопшти дека целта на таа посета е директна комуникација со инвеститорите и средби со претставници на инвестициски фондови со цел да се подобри економската активност на Северна Македонија во услови на „најголемата светска економска и енергетска криза“.
31 година независност - капиталните инвестиции неисполнети ветувања
Во рамките на посетата на Абу Даби, Ковачевски заедно со министрите ќе ги презентира макроекономската политика, развојните цели и можностите за инвестирање во Северна Македонија. „За таа цел ќе се остварат повеќе билатерални средби со претставници на фондовите, кои се продолжение на веќе остварената соработка, со цел да се постигнат конкретни резултати. Ќе разговараме за можностите за користење на развојните фондови кои инвестираат под поволни услови во проекти во областа на инфраструктурата, агробизнисот, туризмот и енергетиката со фокус на обновливите извори на енергија“, се прецизира во соопштението.