ЈСП: Дваесетина лица го спречуваат работењето на претпријатието, ќе следат кривични пријави
Скопје останува без јавен превоз додека се донесе одлука за пари за ЈСП
Од претпријатието потсетуваат дека уште вчера Град Скопје подготви одлука за пренамена на средства со кои, како што се наведува, ќе се обезбеди исплата на последната плата која доцни пет дена поради неисплата на долгови кон претпријатието од страна на Министерство за образование и наука и општините. Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје утринава во пет часот, на почетокот на работното време, останаа во гаража. Возачите рано утринава се собраа на протест во кругот на претпријатието, но одбија да влезат во автобусите поради неисплатена плата. Тие не прогласиле штрајк, но велат дека се гладни и не се во состојба да возат и да ја преземат одговорноста за стотина патници. Велат дека нема да возат додека не добијат плата.