Јовески и Ковеси потпишaа работен договор за соработка на македонското и европското обвинителство
Работен договор за соработка со Европската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси потпиша денеска македонскиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска во Луксембург.
Како што соопштија од македонското Јавно обвинителство, целта на овој документ е да ја олесни меѓусебна соработка и размената на информации меѓу двете обвинителства за да се обезбеди ефикасна истрага и гонење на сторителите на кривични дела, особено кога станува збор за злоупотреби на финансиски средства од европските фондови.
На кого му одговара сега да не се изберат Уставни судии?
Со договорот е предвидено Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Европското јавно обвинителство да ги разменуваат сите стратешки информации во нивна надлежност. Европското јавно обвинителство воспоставува и своја контакт точка во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
„Во ова време на глобални финансиски и економски предизвици со кои сите сме соочени, јавните обвинителства и истражните органи воопшто, исто така имаат обврска да вложат максимални напори за да се спречи секоја злоупотреба на буџетски средства. Меѓутоа, финансискиот криминал ги надминува националните граници на државите и само со меѓусебна соработка и заедничка акција можеме навистина да се справиме со злоупотребите, изјавил Јовески при потпишувањето“.
Со ова, двете обвинителства ќе треба да одржуваат состаноци на високо ниво, како и технички состаноци на оперативно и административно ниво, а имаат можност да формираат и заеднички истражни тимови.