Фискалната поддршка да се насочи кон најранливите, препорачува Светска банка
Експертите од Светска Банка препорачуваат фискалната поддршка на земјава да се насочи кон најранливите домаќинства и компании, а реформите во енергетскиот сектор да не се одложуваат. Министерот Бесими пак нагласува дека потребата од фискална консолидација е поголема од кога и да било.