Ковачевски: Сите кои не пријавиле имот во ДКСК, треба да бидат казнети
„Се што сум работел можете да најдете во секоја биографија што е објавена и сето тоа е пријавено во ДКСК. Вие фабрикувавте една афера, која нема никаква основа, затоа што вашата политичка партија, вашиот претседател и вашиот градоначалник на Град Скопје, се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја извадивте пред граѓаните, во која себеси се обвинувавте кој какви тендери местел во „Водовод“ – Скопје и кој какви вработени вработувал, без ниту една друга политичка партија да ви се меша. Јас тогаш кажав и сега кажувам – врз основа на сите закони во државата, јас побарав од адвокати да постапат во согласност со сите законски одредби во тој дел и поднесено е барање до пратеникот кој јавно зборуваше по прес-конференции невистини да се извини, во спротивно постојат закони за тоа што го зборуваше, да го докаже на суд, а исто така на мое барање, до ДКСКС е доставено се ова што тој го зборуваше, да се провери“, рече Ковачевски.
Аферата „Тајни имоти“ засега без имиња на високи позиции
Ковачевски возврати дека кога се зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да си погледне во сопствениот двор, алудирајќи на седиштето на партијата која како што рече е синоним за криминал за незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните.
Петрушевски реплицираше дека селективната правда е многу поголема од неправда, но, како што рече, „кога ќе се ослободи судството ќе има одговорност за сите“.
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна обелодени, како што ја нарече „афера Тајни имоти“, тврдејќи дека имот криеле 123 функционери од партиите од власта, меѓу кои, според партијата, има директори на државни институции, членови на управни и надзорни одбори, од кои некои со месеци, а некој од нив и со години, не поднеле анкетни листови до ДКСК.