Муртезани: Блокирани се сметките на сите фирми кои му должат на МЕПСО
Сметките на сите компании кои имаат долг кон АД МЕПСО се блокирани, а приливите кои легнуваат на нивните сметки автоматски доаѓаат во АД МЕПСО, рече денеска генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани. Според него, Регулаторната комисија за енергетика е при крај на усвојување на новите пазарни правила согласно кои МЕПСО ќе има увид на дневна основа меѓу најавената и остварената потрошувачка.
Дистрибуцијата поскапа од струјата – само во Албанија има поскапа мрежарина од Македонија
„Во случај на флуктуација, ќе имаме можност да интервенираме и да не дозволиме финансиски реперкусии врз фирмата. Од друга страна, јавноста е навреме информирана дека во април, при обновување на договорите со учесниците на пазарот, ставивме извршна клаузула која ќе избегне долги судски процедури со кои само ќе губиме време и нема да наплатиме средства“, истакна тој, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на новата дигитална опрема во преносната мрежа.