Грчката комисија предлага ковид вакцини за сите деца над шест месеци, ако имаат здравствени проблеми
Националната комисија за имунизација на Грција предлага вакцинација против Ковид-19 за децата меѓу шест месеци и четири години доколку имаат здравствени проблеми, а им се дава можност и на здрави деца на оваа возраст да ја примат вакцината, по согласност од лекар, соопшти претседателката на комисијата Мариа Теодориду.
Теодориду истакна дека во 2022 година со доминацијата на варијантата Омикрон е зголемен бројот на заразени деца и додаде дека комисијата минатиот месец веќе излезе со позитивно мислење за вакцинација со бустер доза за децата со здравствени проблеми меѓу пет и 11 години.
Затворен „Дизниленд“ во Шангај поради корона - посетителите не можат да излезат без негативен тест
Во Грција целосно вакцинирани (со две дози) се над 7.630.000 граѓани, односно 72,7 отсто од општото и 81,3 проценти од полнолетното населени. Со бустер дозата пак се вакцинирани 66,1 отсто од полнолетните граѓани.
Инаку за една седмица во Грција се регистрирани 53.436 случаи на Ковид-19, а починаа 164 лица. Ова значи дека за 12 проценти се зголемил бројот на смртни случаи од во периодот од 24 до 30 октомври 2022 година, а регистрирани се за еден отсто повеќе заразени во споредба со една седмица претходно, покажа неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје на оваа земја.