На хартија можно, во реалноста-тешко остварливо полнењето на државната каса
Сите проекции и ветувања „ќе паднат во вода“ после неколку месеци, кога ќе има повторно ребаланс и ќе се видат ефектите од овие проекции, коментираат економисти за РСЕ. Според нив, новиот буџет кој тежи 5, 3 милијарди евра е креиран според потребите, а не според можностите.