Полска официјално побара од ЕУ да ги запре казните во врска со владеењето на правото
Полска поднесе официјално барање до Европската унија за суспендирање на казните од 1 милион евра дневно, наметнати од највисокиот суд на Унијата поради неуспехот на Варшава да спроведе судски налог во врска со судските реформи, изјави денеска полскиот министер министерот за прашања на Европската унија Шимон Шинковски. „Поднесовме барање за суспендирање на изрекувањето казни по пресудата за Дисциплинскиот совет“, рече тој наведувајќи дека барањето содржи „силни аргументи“ во врска со начинот на кој се променил дисциплинскиот систем за судиите.
Моравјецки: Полска не се плаши од губење на средствата од ЕУ
Казната беше изречена пред нешто повеќе од една година поради неуспехот на Полска да го распушти дисциплинскиот совет за судии за кој Брисел оцени дека е политизиран. Варшава оттогаш го замени советот со ново тело, но критичарите велат дека проблемот со поткопувањето на независноста на судиите не е решен.