Владата на Риши Сунак по две недели остана без првиот министер
Министерот во Владата на Велика Британија, Гавин Вилијамсон објави дека поднесува оставка од функцијата во новата конзервативна влада бидејќи е обвинет за „неморално“ однесување и испраќање недолични пораки до пратениците и поранешните колеги.
„Како што знаете, постои тековен процес на жалба во врска со пораките што ги испратив. Упатени се и други обвинувања“ и „тие стануваат пречка за добрата работа на оваа влада“,напиша Вил ијамсон, државен министер без ресор, во писмото до премиерот Риши Сунак кое го објави на Твитер.
Неговата оставка - прва во владата формирана пред две недели - доаѓа по серијата откритија во врска со навредливите и заканувачки пораки што наводно ги испратил министерот.
Тој испратил е-пошта на поранешната колешка и лидер на пратеничката група Венди Мортон навредувајќи ја бидејќи се пожалила дека не била поканета на погребот на кралицата Елизабета Втора, а други го обвинуваат за малтретирање додека бил во Министерството за одбрана и за „неморално“ однесување кога бил шеф на пратеничката група.
Тројца британски министри поднесоа оставки
Кралот Чарлс го назначи Сунак за премиер на Британија
Според неговата поранешна заменичка, Ен Милтон, тој ги користел финансиските тешкотии на пратеникот како средство за притисок.
Нарекувајќи го неговото однесување „неетичко и неморално“, таа за ТВ изјави дека „добила впечаток дека тој сака валкани озборувања и ги користи како потпора доколку е потребно“.
Други обвинети рекоа дека Вилијамсон омаловажувал државен службеник додека бил во одделот за одбрана, велејќи му „да си го пресече грлото“ и „да скокне низ прозорецот“.
Кабинетот на премиерот, Конзервативната партија и Комитетот за жалби за вознемирување на Парламентот отворија истраги за случаите со Вилијамсон.