МЕПСО троши 600 илјади евра годишно на плати за вишок вработени
Бројот на вработени во МЕПСО постојано расте. Сега има 53 вработени повеќе од одобреното од РКЕ за чии плати годишно се трошат околу 600 илјади евра. Во компанијата велат дека имаат повеќе работа и им требаат повеќе луѓе. Македонија има најмногу вработени на километар далновод во регионот.