Дамка на изборот на Абази, испливаа фотографии со членови на ДУИ
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека изборот на Абази за наследник на Русковска е партиско политички договор на власта. Антикорупциска изрази сомнеж во критериумите за избор, а министерот Тупанчевски призна дека нешто ќе мора да се промени во моделот. Тврдењето на Абази дека нема врски со ДУИ е оспорено.