Гарсија Перез: Ставете ги националните интереси над партиските
Сега е најдобро време заеднички да се работи. Тука сум да пратам јасна политичка порака од нашето политичко семјество, втората најголема политичка група во Европскиот парламент со над 150 пратеници, но и со осум комесари во Европската комисија. Тука сум да ја поддржам оваа нова динамика во процесот на пристапните преговори, порача европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во ЕП Ираче Гарсија Перез на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.
Таа истакна дека прашањето на уставни измени е од национален интерес и оти не е време за партиски игри.
„Кога зборувате за уставните измени морам да бидам јасна, затоа што тоа е суверена одлука, избор за граѓаните и за Собранието на Северна Македонија. Сега не е време да се игра со партиски прашања. Сега е време да се сфати дека национален интерес е да се работи на ова и сигурна сум дека оваа одговорност ќе биде во рацете на различни актери што ги имаме во овој момент,“ истакна Гарсија Перез, која е во официјална посета на Скопје.
Европратеничката оцени дека уставните измени се важни и тоа не е во интерес на Владата, туку во интерес на граѓаните и за државата и оти во ова прашање опозицијата мора да има јасна позиција.
„Партиските интереси оставете ги на страна, а на прво место ставете ги националните интереси. Северна Македонија припаѓа на европското семејство, иднината е во ваши раце“, порача европратеничката.
Се крчка ли мнозинство за уставните измени?
„Позитивен тон“ во извештајот на ЕК за Македонија, Вархеји бара да продолжи борбата со корупцијата
Во однос на тоа дали има гаранции дека Бугарија нема да постави нови блокади на патот на евроинтеграциите на земјава, таа рече оти не може да даде гаранции за она што бугарската Влада ќе го стави на агендата, но оти може да гарантира за тоа дека како група ќе работат во Европскиот парламент, со цел, како што кажа, да ги консолидираат овие битни преговори.
Таа посочи дека било потребно лидерство да се донесат овие одлуки затоа што вредат и може да донесат подобра иднина за граѓаните на Северна Македонија, особено за социјалните политики во време на криза.
Перез Гарсија, која утре заминува во Албанија, најави дека во Тирана престои важен самит на ЕУ и регионот на 6 декември, а социјалдемократите на 8-ми декември во Виена ќе организираат самит за прогресивен Западен Балкан каде што ќе се подготви старетегија за нов стимул за проширувањето со регионот, за што работат на подготовка на декларација.
Премиерот Ковачевски пак, се осврна на отпочнувањето на преговорите на 19 јули, кое рече, означува ново поглавјле во односите со ЕУ, за скрининг процесот кој очекува да заврши за 14 месеци и за договорот со Фронтекст со кој се потврди заштитата на македонскиот јазик и идентитет. Целта е, рече, полноправно членство во ЕУ, како награда на овој европски пат кој нема да биде лесен.