Нуредини: Компаниите треба да продолжат да користат гас
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека компаниите треба да продолжат да користат гас, а не да се оди на понееколошки варијанти како дизел и мазут. Тој тврди дека гас има.
„Има гас, јас го кажувам тоа бидејќи доаѓам од сектор инвестиција, сите знаеме дека има гас“, рече Нуредини.
Обезбеден гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември
Бектеши: парно ќе има, ама нема одлука на кој енергенс ќе работат топланите по 15 ноември
Сепак, тој потсети дека има процедури кои треба да поминат во Министерството, а досега, како што информира, околу пет големи компании побарале да ја сменат дозволата со која во случај на недостаток од гас ќе користат дизел.
„Ако компаниите имаат А интегрирана дозвола мора да направат барање за измена на дозволата и процедурата трае околу три месеци. Значи ние мора да процениме прво дали таа измена е во согласност со законот“, рече Нуредини.
Тој уште еднаш потенцира дека компаниите треба да продолжат да употребуваат гас, бидејќи како што кажа, се што е поевтино не значи дека е добро за граѓаните.