Демонстрант во Иран осуден на смртна казна
Судот во Иран изрече смртна казна за демонстрант уапсен за време на масовните протести предизвикани од смртта на Махса Амини во септември. Таа беше притворена поради наводно неправилно носење шамија на главата. Денешната пресуда со смртна казна е втора за само три дена.
„Судот осуди на смрт уште еден обвинет за тероризирање луѓе на улица со употреба на оружје со сечила, запалување мотоцикл на граѓанин и напад на лице со нож“, објави доцна на 16 ноември на веб-страницата на судството Мизан онлајн.
Иранските власти најавија одговор на санкциите на ЕУ
Од смртта на Амини на 16 септември, илјадници луѓе демонстрираа низ целата земја против свештеничкиот естаблишмент.
А на социјалните мрежи продолжуваат да се појавуваат видеа кои покажуваат доказ за насилниот одговор на владата на протестите.
Протестите во Иран пркосат на предупредувањето на владата
Групата „Иран за човекови права“ со седиште во Осло соопшти дека владините сили за време на протестите убиле најмалку 277 луѓе, вклучително и 40 деца.