МВР анализира - зошто заканите со бомби се само во една смена во три работни дена
Полицијата се уште истражува кој стои зад лажните дојави за бомби во средните училишта. Колку државата ја чинат антитерористичките проверки во училиштата е класифициран податок, велат од МВР. Во меѓувреме лажните закани продолжуваат. Вчера беа евакуирани ученици во седум скопски средни училишта.