Облачно и дождливо време, на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец со 70 километри на час, најави УХМР.
Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови со над 20литри на метар квадратен.
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.