„Силно и одлучно“ во кампања
Премиерот Ковачевски излезе од сенката на Заев и со Францускиот предлог се персонализираше во лидер, оценуваат ПР стратезите. Последниот месец премиерот и СДСМ ја интензивираа кампањата, а тоа „мириса“ на избори, иако декларативно се против тоа. Но популизмот добро вирее во Македонија, па ниту една власт не сака да се откаже од сеприсутноста која носи поени.