ЕСМ: Во тек е изработка на сметките за топлинска енергија за октомври
ЕСМ соопшти дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на „ЕСМ – Снабдување со топлина“ од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“, се вели во соопштението.
Ковачевски очекува дека во 2025 година битолчани ќе добијат парно
Во законска постапка ја преземаме целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје, соопшти денеска „ЕСМ Снабдување со топлина“, информираат од ЕСМ.