РСЕ го осудува потегот на Талибанците за замолчување на независните медиуми
Талибанците денеска ја отстранија програмата на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ) од мрежите за пренос на радио во Авганистан. РСЕ ја осуди одлуката на владата во Авганистан предводена од Талибанците да го прекине емитувањето во 13 авганистански градови и најави дека ќе продолжи да емитува програма надвор од земјата и покрај потегот.
Претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај изјави дека Радио Азади е спас за десетици милиони Авганистанци, што ја прави одлуката на Талибанците уште потрагична.
„РСЕ нема да ја промени нашата уредничка политика за да ги задоволи барањата на Талибанците со цел да остане во етерот. Од искуство знаеме дека нашата публика вложува големи напори за да не најде. Вистината не може целосно да се потисне“, изјави Флај.
Со децении, авганистанскиот сервис на РСЕ, локално позната како Радио Азади, е дел од секојдневниот живот во Авганистан, вообичаено се слуша на јавни места, од пазари до такси.
„Од искуство знаеме дека нашата публика прави големи напори да не пронајде“, Вистината не може целосно да се потисне“, вели Флај.
Официјален претставник на Министерството за информации на владата предводена од Талибанците, Абдул Хак Хамад на Твитер објави дека емитувањата на медиумите финансирани од САД на FM радиото биле прекинати во 13 градови. Гласот на Америка (VOA) соопшти дека и нивните преноси исто така биле прекинати.
И покрај значителниот притисок од талибанците, РСЕ продолжува да обезбедува покривање на сториите потиснати од државните медиуми. Радио Азади им даде платформа на најранливите , на жените и девојките, жртвите на насилен екстремизам, ЛГБТКИ+ заедницата и младите, за да ги споделат своите искуства.
Според групите за застапување на слободните медиуми, откако Талибанците ја вратија власта во Авганистан во август 2021 година, владата изврши притисок врз независните медиуми. Многу новинари биле малтретирани или затворани, а медиумските работници добиле забрана за работа.
По преземањето на Талибанците, РСЕ го затвори своето биро во Кабул, но Радио Азади продолжува да ги покрива настаните игнорирани од државните медиуми.
Авганистан е едно од најопасните места во светот за новинарите, а новинарите на РСЕ ја платија крајната цена за нивната посветеност на слободен печат, се вели во соопштението на РСЕ. Во 2018 година, тројца новинари на Радио Азади -- Махарам Дурани, Абадула Хананзаи и Сабавун Какар, загинаа при самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Во 2020 година, Мохамад Илјас Даје беше убиен во целен бомбашки напад.
Поради притисоци и економски проблеми, десетици приватни телевизии, радио и печатени медиуми ја прекинаа својата работа во Авганистан, оставајќи стотици новинари и медиумски работници без работа.виен