Демократите во САД освоија уште едно место во Сенатот
Демократската партија на американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа освои уште едно место во Сенатот, бидејќи нејзиниот кандидат Рафаел Ворнок победи во државата Џорџија. Сенаторот во заминување Ворнок го победи Хершел Вокер, исто така Афроамериканец, од редовите на републиканците на Доналд Трамп.
Републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом на САД
Победата го потврдува многу тенкото мнозинство на демократите во Горниот дом на Конгресот. Победата на Ворнок не го менува односот на силите во Конгресот, бидејќи демократите ја задржаа контролата врз Сенатот по првиот круг од парламентарните избори во ноември.