Курти и Ескобар разговарале за ситуацијата на северот на Косово
Вучиќ: Владата в четврток ќе донесе одлука за испраќање барање до Кфор
На средбите со претседателот и премиерот на Косово, Ескобар беше придружуван од американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер. Предвидено е денеска Ескобар да се сретне со лидерите на Демократската партија на Косово Мемљи Красниќи, Демократскиот сојуз на Косово Љумир Абџиќ и Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај. Посетата на Ескобар на Приштина доаѓа во време кога ситуацијата на северот на Косово е тензична и придружена со безбедносни инциденти. Инцидентите се случија при обидите на членовите на Централната изборна комисија да подготват локални избори во четири општини на северот на Косово - Лепосавиќ, Звечане, Северна Митровица и Зубин Поток.
Триесетдневен притвор за Дејан Пантиќ
Откако косовската полиција го уапси поранешниот припадник на полицијата, Дејан Пантиќ, под сомнение дека е вмешан во напади врз службеници на Централната изборна комисија на северот на Косово и врз полицијата, на патиштата кон премините Јариње и Брњак беа поставени барикади. Вонредните локални избори беа распишани затоа што градоначалниците и другите српски претставници ги напуштија своите позиции на почетокот на ноември во знак на протест поради одлуката на косовската влада да не дозволи автомобили со српски регистарски таблички, а беа одложени по серијата инциденти.